Здравје Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Пецаков: Инклузивната игротека „Радост“ е чекор кон отворање на центар за лица со попреченост

Охрид, 14. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Отворањето на инклузивната игротека „Радост“ е прва фаза во стратешката цел на општината, отворање на центар за лица со пореченост во Охрид, потенцира градоначалникот, д-р Кирил Пецаков.

Со тоа на едно место ќе се обединат сите дневни центри и нивната работа ќе се постави институционално. Пецаков очекува и поддршка од државата.

Нема достапен опис

– Стручните служби на општината и Здружението В.О.П.С Поддршка на повикот на министерството за труд и социјална политика доставија апликација за воспоставување дневен центар за лица со попреченост на територијата на општината. Замислено е да се оформи ценар по сите стандарди, со потребните стручни лица во него, со што зналчително ќе се олесни животот на лицата со посебни потреби и нивните семејства, подвлече Пецаков.

Додаде дека во скоро време, во просториите на Касарната ќе биде префрлен и дневниот центар „Зраци“, со цел посоодветни услови на лицата што се згрижени таму. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука