Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се поставуваат украсите и големата новогодишна елка во центарот на градот (Фото)

Охрид, 15. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Со поставувањето на големата елка и останатите елементи, продолжува новогодишното украсување на Охрид, кој и покрај сериозната економска криза во државата, ќе блесне за Новогодишните празници.

Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков неодамна истакна дека Охрид е туристички град, и покрај енергетската и економската криза, нема да трпи ниту украсувањето, ниту забавата. Тој откри дека тендерот е минимален и дека градот ќе биде украсен и ќе изгледа добро за празниците. Предвиден е и скромен настан на Градскиот плоштад со охридски изведувачи, кои ќе ги забавуваат туристите, а деталната програма ќе биде објавена наскоро.

Охрид веќе неколку години наназад го спроведува овој концепт за прослава на новогодишните празници. За тоа потпомогна и Covid-19 кризата, која комплетно го смена начинот на кој се одбележуваат овие празници во најголемиот туристички центар во Република Македонија. Последен организиран концепт кој беше одлично прифатен од охриѓани и гостите беше проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ кој беше за прв пат имплементиран во 2017 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука