Забава Избор ТОП ВЕСТИ

„Сакана“, празнична честитка од Горан Папаз и Дамјан Пејчиноски (Видео)

Охрид, 15. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – По успешната соработка на „Овој момент“ со нашиот најпознат гитарист Влатко Стефановски, на најновиот сингл на Горан Папаз гостува уште еден мајстор на гитарата, маестралниот Дамјан Пејчиноски кој направи оваа композиција да звучи уште поубаво.

– Насловот на синглот е „Сакана“ и, како и за претходните, Папаз работи со истиот тим. Гоце Симоноски го направи аранжманот и целосната продукција, саксофонот е снимен во студиото Гроздановски, а музиката е на Горан Папаз, велат од неговиот тим од каде со новата песна на сите им ги честитаат Новогодишните празници.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука