Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Охридски приказни ТОП ВЕСТИ

Владо Пупиноски во „Охридски приказни“: Охрид има многу потенцијал да се движи во вистинска насока (Видео)

Охрид, 15. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охрид за мене од секогаш значел голема емоција. Уште од мало дете, јас премногу сум го сакал, вели Владо Пупиноски, кој е дел од „Охридските приказни“, кои и во текот на декември се раскажуваат во охридското „Форт кафе“.

– Можеби звучам и премногу позитивно. Ова важи не само за Охрид, туку и за Македонија. Јас премногу си ги сакам градот, народот… Охрид има многу потенцијал да се движи во вистинска насока. Овде сум веќе полни две години и знам дека го направив вистинскиот чекор, вели Пупиноски.

Интервјуто е најава за уште едно уникатно доживување кое ќе се одржи вечерва во „Форт кафе“, со почеток во 19:00 часот.

– Потекнува од познато музичко семејство со многу музика во вените. За тоа како беше да се расте со Секула како татко и Ефто Пупиноски како стрико, за звучите на музиката во домот од најмали нозе. За МАСЕ центарот во САД за афирмиација и поддршка на Македонската култура и македонските уметници во САД… За тоа каков сакаме и каков може и треба да биде Охрид, затоа што Охрид сме сите и сите сме Охрид, информираат од „Форт кафе“.

Со Пупиноски ќе разговараме каков сакаме и каков може и треба да биде Охрид, затоа што Охрид сме сите и сите сме Охрид.

„Охридските приказни“ се ново дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио и Be 1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука