Избор Локална самоуправа

Се реконструираат спортските и повеќе наменските игралишта во градот

Охрид, 16. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Посветено се грижиме за здрав и правилен развој на младите и децата. Затоа започнуваме со активности за реконструкција на спортските и повеќе наменските игралишта во градот, објави на неговиот профил на Facebook градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков.

– Деновиве се врши реконструкција на игралиштето во населбата „Христо Узунов“. Согласно проектот предвидено е да се постави нова подлога, нови огради и реквизити. После завршувањето со активностите тука, продолжуваме со реконструкција на игралиштата во населбата „Гоце Делчев“, во Пештани, во ОУ „Св. Климент Охридски“ и Даљан, информира Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото;: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука