Економија Избор ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

МОН: Исплата за субвенциониран студентски оброк ќе има до крајот на месецот

Скопје, 16. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Исплата на средства по основ на субвенциониран студентски оброк ќе има до крајот на тековниот месец, информираат од Министерството за образование и наука (МОН).

Сите студенти кои ќе го остварат правото, ретроактивно на своите трансакциски сметки ќе добијат парични средства за два и пол месеци, односно за половина септември и за октомври и ноември.

– Во моментов, комисија во рамки на Министерството за образование и наука задолжена за проверка дали студентите/апликантите ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, врши компарација на податоците наведени во апликациите и податоците кои ги добивме од другите надлежни институции – УЈП, АВРМ, ФПИОМ, МВР и сите универзитети, додаваат од МОН.

Секој студент/апликант ќе добие решение преку системот преку кој се аплицирал, а веднаш потоа ќе се реализира и исплатата. На повикот кој траеше од 25-ти ноември до 3-ти декември, пристигнале над 31 илјада апликации. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука