Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Во полн ек хуманитарната акција на Црвен крст Охрид „Волшебна елка“ за децата од социјално загрозени семејства

Охрид, 16. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во полн ек е хуманитарната акција „Волшебна елка“ што ја организира Црвен крст Охрид, во пресрет на новогодишните празници, а ќе биде наменета за децата од социјално загрозените семејства.

– Волшебната елка накитена и поставена во комплексот KAM Village, покрај обичните, содржи и волшебни лампиони во кои се напишани новогодишни желби на деца во социјален ризик од Охрид и Дебрца. Благодарност до голем број наши сограѓани што од почетокот на акцијата на 10-ти овој месец до денес учествуваат во оваа акција земајќи од волшебните лампиони, обезбедувајќи/набавувајќи ги напишаните желби/подароци и донесувајќи ги подароците на рецепцијата во хотелот Village или во нашите простории, велат од Црвен крст Охрид.

Нема достапен опис

Акцијата трае до 22-ри декември, а за утре од 12:00 часот кај волшебната елка е предвидена забава за најмладите каде свој настап ќе имаат детскиот хор при Културно-уметничкото друштво „Ѓердан од бисери“ под раководство на уметничкиот раководител, Татјана Узуноска Тренеска и детскиот хор „Бамбино“ под раководство на професор Снеже Попова,а ќе изведуваат новогодишни и божиќни песни.

Децата своите новогодишни желби-подароци ќе ги добијат на предновогодишна забава, што ќе се одржи на 24-ти декември, од 12:00 часот, околу Волшебната елка. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука