Избор ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

Започна распределбата на донацијата од 40.000 книги за охридските средни и основни училишта

Охрид, 16. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Организацијата од САД Интернационален книжевен проект (International book project) во соработка со членови на Мировниот корупс донираа 40. 000 книги за средните и основни училишта во Охрид и околината.

– Проектот беше сработен од страна на професор Марија Андреевска Попоска, а донацијата ја примија директорот на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ и библиотекарот Ана Христоска со помош на општина Охрид. Со оваа донација значајно ќе биде збогатен фондот на книги на англиски јазик во охридските училишни библиотеки, информираат од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Книгите се од областа на природните науки, математиката, медицината, стручни книги и речници. Донацијата содржи и одреден број на детска и тинејџерска белетристика. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука