Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Возило „Фолксваген поло“ излета од патот кај „Пресека“, повредни две лица

Охрид, 16. декември2 022 (ОХРИДПРЕС) – На 15-ти декември 2022 година, во 17:00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај превојот „Пресека“, се случила сообраќајна незгода во која се повредени две лица.

– Во незгодата учествувале патничко возило марка „Фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 69-годишниот В.С. од Скопје, кое излетало од коловозот. Со тешки телесни повреди се здобил сопатник во возилото, 55-годишниот А.Г., а со телесни повреди се здобила сопатничката, 50-годишната М.Ѓ.К., двајцата од Скопје, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен е увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука