Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за жител на струшко Делогожда кој градел објект без одобрение

Струга, 16. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 74-годишниот Ф.Ќ. од село Делогожда поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

– На 5-ти октомври 2022 година, бил извршен инспекциски надзор од овластен градежен инспектор при Одделение за инспекциски надзор од Општина Охрид, при што било констатирано дека пријавениот бесправно гради објект, без да поседува одобрение за градба издадено од надлежен орган, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука