ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Пролет на пет дена до почетокот на зимата во Охрид (Фото)

Охрид, 16. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Вистински пролетен ден денеска во Охрид, на само пет дена до официјалниот почеток на зимата.

Преубавиот Охрид денеска се капеше во сонце на температура од над 16 степени Целзиусови и ништо не делуваше дека сме на само 5 дена од зимата и на малку повеќе од две недели од Нова година.

Бројни охриѓани и гости го искористија денот за прошетка покрај езерото, каде екипата на OhрidPress ја направи и оваа фотографија. Бројни дечиња уживаа хранејќи ги галебите и лебедите на Градскиот кеј.

Од УХМР за утре најавуваат нови локални врнежи од дожд, а од недела следува период на стабилно време со умерен до засилен северен ветер и опаѓање на температурите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука