Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Течат подготовките за годинешното издание на Бадникови поворки

Охрид, 17. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – По пауза од две години, продожува манифестацијата Бадникови поворки.

Целта е да се продолжи оваа стара духовна традиција, за што веќе се одржуваат подготовки кои ќе траат се’ до „Бадниковото навестување за раѓањето на Христос“, на 6-ти јануари 2023 година. Истото ќе биде одбележано со голема поворка низ охридските улици. Ќе учествуваат многу деца кои ќе ја пеат некогашната стара коледарска песна „Вечниот Бог“.

Организаторите од Бадникови поворки потенцираат дека децата кои ќе учествуваат на оваа манифестација ќе добијат Божиќни подароци и дека подготовките за настанот се во полн ек во спортската сала на ОУ „Христо Узунов“ во Охрид.

– Следната проба на во сабота, 24-ти декември 2022 година, во салата на ОУ „Христо Узунов“. Ве очекува и изненадување, додаваат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука