Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Кадетите на ГРК „Охрид“ подобри од РК „Еурофарм Пелистер“ на домашен терен со 35:30

Охрид, 17. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Кадетите на ГРК „Охрид“ стигнаа до вредна победа во натпреварот од 6-тото коло на домашен терен и до скор од 5/5 за охриѓани во групата Б.

Тие беа подобри од екипата на РК „Еурофарм Пелистер“ со 35:30 (18:11).

– Најдобар поединец на натпреварот беше Јулијан Матески со 13 постигнати гола, информираат од клубот.

Утре, недела, 18-ти декември 2022 година, со почеток во 12:00 часот на домашен терен во СРЦ „Билјанини Извори“, младинската екипа на ГРК „Охрид“ го пречекува составот на „Еурофарм Пелистер“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука