Економија Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Предновогодишните забави во полн ек, весело во охридските хотели и ресторани (Фото)

Охрид, 18. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Традиционално за овој период од годината, во полн ек се предновогодишните забави во охридските хотели и ресторани.

Колегијално дружење, добра храна и весела музика се рецепт за убаво помината вечер. Без оглед на големата на компаниите, оваа традиција остана, и по намалениот интензитет од минатите две години, пред се’ поради Covid-19 пандемијата, како да се враќа во полн ек. Заеднички дружби организираат и бројни спортски клубови, здруженија и сите останати заедници на граѓани.

Ова секако е добредојдено и за угостителските работници, кои се едни од најпогодените од економската криза и треба да „соберат сила“ до следното лето.

Градот е украсен, расположение има, да се надеваме дека ќе имаме уште едни весели, спокојни и среќни Новогодишни празници. Ова е најопуштениот период од годината кој почнува од 15-20 декември и трае се’ до празникот Богојавление Водици, со сите поголеми настани помеѓу како утрешниот голем празник „Св. Никола“, самиот дочек на Нова година, Божиќ и Стара Нова година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука