Живот Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

ЖивоТ: Juan Hohberg почина славејќи гол на Светското првенство во 1954 година и се врати во живот за да го заврши натпреварот

Juan Eduardo Hohberg (8. октомври 1926 – 30. април 1996 година) е познат фудбалер и тренер од Уругвај, роден во Аргентина. Постигна два гола во полуфиналето на Светското првенство во 1954 година во Швајцарија за Уругвај.

По постигнувањето на вториот гол се случи шокантна епизода која влезе во аналите на Светските првенства.

Откако го избегна голманот и шутираше во празна мрежа, играчот ги крена рацете и започна да се радува. Неговите соиграчи славеа со него, несвесни што се случува со нивниот напаѓач, кој во моментот доживеа срцев удар.

Набргу забележале дека нешто не е во ред, по што итно била повикана медицинска помош. По неколку секунди масажа на градниот кош, му бил даден лек кој ги стимулира респираторните функции. Во тој момент играчот се враќа, откако, според лекарскиот тим бил мртов најмалку 15-20 секунди.

И покрај апелите од докторите, Juan сепак одлучил да се врати на теренот за да го заврши натпреварот.

Уругвај го загуби натпреварот, но Juan Eduardo Hohberg остана запишан во историјата.

ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука