ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Поголема количина отпад фрлена во непосредна близина на хотелот „Далјан“ (Фото)

Охрид, 19. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од Граѓанската иницијатива Охрид SOS информираат дека неодговорни поединци истовариле поголема количина отпад во непосредна близина на хотелот „Далјан“.

– Некој истоварил цел камион ѓубре од домаќинства, помешано со друг отпад, веднаш до хотел „Далјан“, на државно земјиште, ајде што е на само триесеттина метри од езерото, ја попречиле и единствената патека која луѓето од Воска и Далјан ја користат за да стигнат „Извиднички“ за рекреација, а во лето и за на плажа. По истата патека се движат и туристите кои го посетуваат тоа место, а ги има доста, стои во информацијата.

Од Охрид SOS додаваат дека Охрид не е само центарот, и дека овој дел од градот како да е заборавен и од градоначалниците и од општински институции.

– Плаќаме за јавна чистота, а немаме видено овде некој да се грижи ни за улици, ни за зелени површини, а плажите се приказни сами за себе, тонат во ѓубре, шут и што уште не. Што и да каже човек ќе биде само излишно непотребно трошење на зборови… Потемкиново село… тоа е градот Охрид, реагираат од Охрид SOS. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Охрид SOS

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука