Живот Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

ЖивоТ: Се` се враќа сине мој…

Имаше тешки времиња, па поминаа, па повторно дојдоа синко мој! – рече старецот.

Од кога знам за себе секогаш се живееше тешко, но тогаш беше некако полесно да се живее. Се немаше многу, но срцето беше задоволно со тоа што го имавме – беше полно со љубов од која се раѓаше почитување кон луѓето. Таткото беше татко, мајката – мајка, а детето – дете. А денес? Не треба ни да зборувам премногу – се` се знае.

Светот како да се капе во своите солзи, а среќата е само поим, како некоја стара приказна. Ако мене ме прашуваш сине, јас долго не сум почувствувал ни трошка радост и спокој. Долго не паметам дека сум се насмеал од срце. Знаеш, онака од душа.

Тоа што ми се случува го викав секако, со многу имиња, но не знаев дека треба само да го наречам само „живот“. Но сега знам…

Ме прашуваш за децата? Добри се, нека ми се живи и здрави. Сега имаат свои животи и свои деца. Доаѓаат да ме посетат кога можат, да ми помогнат колку што можат. Седам овде до прозорецот и гледам со часови некаде. Да ме прашаш каде, не знам ни сам.

Но гледам и чекам… И кога ќе ги здогледам милите лица на моите деца како да ме огрева сонце. Но, ретко ме грее тоа сонце. Велат дека имале премногу обврски и постојано биле во некоја гужва и брзање.

Запомни, сине мој. Господ дава, а луѓето користат. Сепак, ни дава нешто добро, а тоа е дека сите некогаш сме биле деца, а можеме да бидеме и родители. Денес сме млади – утре стари. Денес силни – утре слаби. Денес здрави – утре болни. И запомни, ако има правдина, таа е токму тука.

И јас некогаш бев силен. И јас бев среќен. И мене мојата мајка и татко ме чекаа, како што чекам сега јас.

Затоа, не заборавај – СЕ` СЕ ВРАЌА.

ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука