Економија Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Поставени типизираните куќарки во центарот на градот (Фото)

Охрид, 20. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Поставени се типизираните куќарки на Градскиот плоштад во Охрид, кои, како и во текот на летните месеци, се користат како привремени објекти за продажба на прехранбени производи.

Со тоа и официјално започнува т.н „празничен маратон“ во Охрид, кој традиционално стартува со празникот посветен на Св. Никола. Овој период од годината се карактеризира со бројни прослави и празници, кои завршувааат со одбележувањето на Богојавление Водици, на 19-ти јануари идната година.

Охрид и оваа година е соодветно украсен за празниците, а се најавува и програма на Градскиот плоштад. Организиран дочек најавуваат и угостителите, со богата музичка и забавна програма.

Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков неодамна истакна дека Охрид е туристички град, и покрај енергетската и економската криза, нема да трпи ниту украсувањето, ниту забавата. Тој откри дека охриѓани и гостите, на Градскиот плоштад ќе ги забавуваат охридски изведувачи.

Охрид веќе неколку години наназад го спроведува овој концепт за прослава на новогодишните празници. За тоа потпомогна и Covid-19 кризата, која комплетно го смена начинот на кој се одбележуваат овие празници во најголемиот туристички центар во Република Македонија. Последен организиран концепт кој беше одлично прифатен од охриѓани и гостите беше проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ кој беше за прв пат имплементиран во 2017 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука