Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Интернационалната полициска асоцијација од Охрид и Егнатија, Албанија потпишаа Повелба за збратимување

Охрид, 20. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Викендов во Охрид беше потпишана Повелба за соработка и збратимување помеѓу Интернационалната полициска асоцијација, регион Охрид, Република Македонија и Интернационалната полициска асоцијација, регион Егнатија, Република Албанија.

Повелбата ја потпишаа претседателите на двата ИПА региони, м-р Стефан Димоски и Генц Постоли.

На свеченоста, во поздравното обраќање, Перчо Божиновски, како претставник од Локалната самоуправа истакна дека, „повелбата за збратимување е доказ за меѓусебното разбирање, желба и потреба за кооперативност, заемно помагање на двата ИПА региона и двете национални секции на сите нивоа, со цел ширење на ИПА идеите и доказ за билатералната меѓународна професионална ИПА полициска соработка“.

Божиновски, искажувајќи ја подрдршката што ИПА Охрид ја има од градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков и од локалната самоуправа, рече дека, потпишувањето на повелбата е „одлука за поинтензивна и поуспешна работа и чекор плус кон подигнувањето на степенот на безбедноста во нашите средини“.

Претседателот на ИПА регион Охрид, м-р Стефан Димоски, во своето обраќање рече дека ИПА Охрид, ја цени и почитува покажаната поддршка од Општина Охрид и градоначалникот Пецаков и дека тоа е уште еден мотив повеќе, ИПА Охрид посветено да работи во интерес на сите полициски службеници – ИПА членови, но и на граѓаните на Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука