Економија Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Ново издание на „Сладок декември“ со „Тамаро“ и „Витаминка“ (Фото/Видео)

Охрид, 20. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се одржа втората забава со презентација на новите производи на Витаминка во маркетот на „Тамаро“ на улицата „АСНОМ“, во населбата „Бејбунар“ во Охрид.

И повторно, највеселата екипа на Супер радио, предводена од водителот Жанко ЗШ Голабоски и секако омилениот за најмладите Дедо Мраз подарија многу насмевки за најмладите купувачи во маркетот.

Ова е само продолжување на проектот „Сладок декември“, кој секоја година го организираат водечките во регионот, охридските „Тамаро“ маркети.

– И денеска донесовме многу подароци и позитивна енергија за сите, затоа што овој период од годината е вистинско време за многу насмевки и весело расположение. Во пресрет на Нова година и сите празници кои ни ги носи овој прекрасен дел од годината и денеска се дружевме, забавувавме и наградувавме со нашите пријатели од Витаминка. Тука посебен акцент ставаме на нивните нови и превкусни чоколади Happy со кои сакаме да исцртаме безброј чоколадни насмевки. Секој ден е среќен кога уживаш во омилените коцки Happy чоколадo на Витаминка. Ви препорачуваме да го одберете Вашиот омилен вкус на среќа – Happy Noisette, Happy Whole Hazelnuts, Happy Dark Chocolate или Happy Milk Chocolate, порачуваат од „Тамаро“.

За уште повесели празници доделуваме многу подароци секој ден на Супер радио, се’ во насока на внесување на максимално голем број насмевки и позитивна енергија кај охриѓани, особено кај најмладите.

Во пресрет на највеселиот период од годината, охридските „Тамаро“ маркети повторно го организираат препознатливиот „Сладок декември“ и ја продолжуваат соработката со Супер радио и најголемите компании во државата.

Комплетната организација е дело на креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио и Be 1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука