Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Градежни зафати за енергетска ефикасност, дигитализација и набавка на ултразвучен ехо апарат со проектот за реконструкција на охридскиот Завод за кардиоваскуларни заболувања

Охрид, 20. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Градежни зафати во насока на поголема енергетска ефиксност, дигитализација и набавка на современ ултразвучен ехо апарат се главните компоненти на инвестицискиот проект „Подобрување на условите за здравствен туризам со реконструкција на ЈЗУ Специјализирана болница за лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ од Охрид“.

Преку подобрување на инфраструктурните услови и здравствените услуги ќе се создадат услови за развој на здравствениот туризам што е дел од националната стратегија на државата.

Инвестирање во енергетска ефикасност ќе значи подобри услови за пациентите, енергетска заштеда и комоплетна искористеност на капацитетите на болницата 12 месеци во годината. Со дигитализацијата ќе се воведат модерните трендови, а современиот апарат за ехо кардиографија е метода што е неопходна во секојдневното клиничко работење, потенцира директорката на Специјализирана болница, д-р Елена Коваческа- Башуроска.

– Установата ќе добие софтверско решение што ќе го покрива работењето во установата како во медицинскиот така и во административниот дел што ќе значи унапредување и подобрување на квалитетот на услугите, намалување на време на чекање, брза комуникација на мединскиот персонал, како и темелна и статистичка обработка на податоци, креирање регистри како и чекори за подобрување на кардиоваскуларното здравје на нашите пациенти и секако можност за побогата научна дејност во нашата установа. Со апаратот за ехо кардиографија ќе се овозможи најсофистицирана дијагностика на најкомплексните кардиоваскуларни состојби, додаде д-р Коваческа- Башуроска.

Проектот чини вкупно вкупно околу 395 илјади евра односно 23 милиони и 500 илјади денари, рече Кирил Парталов, државен секретар во Министерството за локална самоуправа.

– Министерството за локална самоуправа ќе издвои 185.000 евра, Швајцарската конфедерација преку Швајцарската амбасада 158 илјади евра, сопствено учество во проектот, се надевам ќе помогне и општина Охрид околу 50.000 евра или вкупно околу 395 илјади евра односно 23.500.000 денари. Овој проект е значаен бидејќи е еднствена здравствен установа во земјава која изведува кардиолошка рехабилитација на пациенти од цела држава, додаде Парталов.

Проектот опфаќа три компоненти, градежни зафати, дигитализација и набвака на современ ултразвучен ехо апарат, истакна директорката на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Мирјана Лозаноска.

– Проектот има три компоненти градежни зафати, односно реконструкција на покрив, 1.900 м², поставување термофасада поставува 2.100 м² и замена на околу 50 прозорци, со цел објектот да се направи енергетски ефикасен. Според кост-бенефит анализата коефициентот придобивки наспроти трошоци за проектот е 2,85, што е прлично висок и има оправданост. Ќе се спроведе дигитализација по повеќе модули за нов компелтен информатички систем и набвака на ултразвучен ехо апарат, потенцира Лозаноска.

Оваа болница е гордост за охридскиот регион, но и вистински пример за успешна здравствена институција во нашата држава, подвлече градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, додавајќи дека климатските погодности на охридското крајбрежје се вистински благодет за здравјето на луѓето и затоа нашиот регион е идеален за развој на здравствен туризам

– Ова е важен инвестициски проект со кој ќе се подобрат услвите за лекување и третман на пациентите. Реконструктивните зафати ќе овозможат подигнување на нивото на услугите за пациентите и посовремени услови за дијагностика, што пак ќе придонесе и за подобрување на условите за развој на здравствен туризам, првлекување на што поголем број странски пациенти и промоција на болницата во регионот и пошироко. Климатските погодности на охридското крајбрежје се вистински благодет за здравјето на луѓето и затоа нашиот регион е идеален за развој на здравствен туризам, но сепак неопходна е потребата од поголем ангажман и заедничко делување од сите страни, рече Пецаков.

Проектот е дел од грантовата шема на Министерството за локална самоуправа на Репубика Македонија и Швајцарската Агенција за развој и соработка. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука