Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Фестивал на локални производи „Купувај локално“ утре во Охрид

Охрид, 21. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Утре на Факултетот за туризам и угостителство ќе се одржи презентација и дегустација на локална храна во рамки на фестивалот „Купувај локално“.

Настанот ќе се одржи во холот на ФТУ од 12:00 часот, а е во организација на Slow Food Ohrid во соработка со Факултетот и на покана од општина Охрид.

– Ќе се презентира и дегустира локална храна приготвена од членовите на здружението. Настанот ќе го отвори градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, а Slow Food Ohrid ќе има кратка презентација за значењето на локалната храна. Потоа ќе бидат презентирани сите локални производители со готвење во живо пред присутните, информираат организаторите.

Оваа активност е дел од проектот „Купувај локално“ со кој се поддржуваат охридските локални производители да ги применат новите стандарди за промоција на своите производи со програмата за локален економски развој и со тоа да се доближат до купувачите и туристите.

Организатори на настанот се Секторот за локален економски развој при Општина Охрид и Факултетското Студентско Собрание на ФТУ Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука