Економија Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

И повторно, „Сладок декември“ со „Тамаро“ и Нутрино Јуниор (Фото/Видео)

Охрид, 21. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охридските „Тамаро“ маркети и оваа Нова година донесоа многу насмевки и среќа кај најмладите преку препознатливиот „Сладок декември“ и заедно со водечкиот медиум во регионот, охридското Супер радио, ја продолжуваат соработката со Супер радио и најголемите компании во државата.

И денеска екипата на Супер радио, заедно со Мики и Мини и Дедо Мраз доделија многу подароци, насмевки и предизвикаа весело расположение кај најмалите охриѓанчиња. Сето тоа во пресрет на Нова година и сите празници кои ни ги носи овој прекрасен дел од годината.

– Продолжуваме да се дружиме, забавуваме и наградуваме со нашите пријатели. Денеска се одржа нова забава со производите на Нутрино Јуниор во маркетот на „Тамаро“ на улицата „АСНОМ“ каде екипата на Супер радио, предводена од водителот Жанко ЗШ Голабоски и највеселиот Дедо Мраз, заедно со Мики и Мини, подарија многу насмевки за најмладите дечиња кои со родителите пазареа во објектот, порачуваат организаторите.

За уште повесели празници доделуваме многу подароци на Супер радио, се’ во насока на внесување на максимално голем број насмевки и позитивна енергија кај охриѓани, особено кај најмладите.

Комплетната организација е дело на креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио и Be 1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука