ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Подобрена хидролошката состојба, водостојот на Охридското Езеро на пет сантиметри над декемврискиот просек

Охрид, 21. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Последните мерења покажуваат дека е подобрена хидролошката состојба на Охридското Езеро.

И додека подолг период водостојот беше на природната кота (693,17 м.н.в), според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) водата е на кота од 693,24 м.н.в што е за 5 сантиметри над просекот за декември (693,19 м.н.в) и 14 над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в).

За една недела нивото на езерото е покачено за 7 сантиметри. Температурата на езерската вода е 9 степени.

Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 9. степени.

– И во следните денови ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, каде и дневните температури ќе се задржат пониски. За време на викендот температурите ќе бидат во пораст за неколку степени, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука