Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

Бектеши: Основните прехранбени производи ќе останат со замрзнати маржи до крајот на април, можно е преземање и други мерки

Скопје, 26. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Мерката за замрзнување на маржите на основните прехранбени производи која истекува на крајот на месецов ќе биде продолжена до крајот на април идната година до кога е прогласена и енергетската криза, најави минстерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција на која го презентираше предлог-буџетот за Министерството.

Ако е потребно, министерот додаде дека ќе бидат преземени и други мерки во насока на намлување на цените на продуктите, иако, како што кажа, цените, оснобено на основните прехранбени производи веќе се стабилизираат, а некои синџири маркети веќе и самите почнале да ги замрзнуваат цените на прозиводите.

– Ние бевме многу транспарентни пред граѓаните. Не кажавме дека ќе има намалување од 50, 70, 80 отсто за месец декември. Благо поевтинување мислам дека веќе има. За цената на лебот се правеа драми тука во Медија центарот на Владата. Веќе и „Жито Лукс“ започна да ги намалува цените, а одредени производители веќе има неколку недели како ги намалуваат. Маслото за јадење веќе не е 150-160 денари. Може масло за јадење да се најде и под 100 денари во одредени маркети, во зависност од производителот, додаде Бектеши.

Бектеши нагласи дека за јануари се прават калкулации и со компаниите и со стопанските комори и, како што додаде, се очекува дополнително намалување на цените.

– Колкаво ќе биде тоа намалување ќе ве известиме навремено кога ќе ги завршиме консултациите со сите стопански комори, истакна министерот. (Крај)

извор: 360 степени фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука