Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Наставата во втора смена во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ ќе се одвива нормално

Охрид, 27. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Наставата во втора смена во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ ќе се одвива нормално, по утринската дојава за поставена бомба во училиштето, што беше лажна.

Директорот Сашо Недески го пријавил случајот во полиција од каде им било дадено упатство за евакуација на училиштето според сите протоколи.

– Учениците веќе го знаеа начинот на евакуација и за кусо време се евакуира цело училиште. Наставата беше прекината. Специјалните полициски тимови направија детални проверки и утврдија дека дојавата што пристигна мејл е лажна, вели Недески.

Ова беше прв случај за дојава за поставена бомба во училиште во Охрид. Инаку веќе два месеци пристигнуваат лажни дојави за бомби во повеќе училишта, институции и јавни објекти во земјава.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на годишниот брифинг со медиумите рече дека дојавите за бомби се хибридни напади, анализите покажале дека се можни три нивоа на причини за нивните појави. На прво место се геостратешките интереси кои се испреплетуваат во државава, втората причина е од политички интереси и третата од авантуристички. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука