Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Физички пресметки на две локации во Охрид

Охрид, 27. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 26-ти декември 2022 година околу 20:30 часот, во СВР Охрид приведени се Д.А.(24), М.А.(24), З.К.(55) и С.Б.(27), сите од Охрид, затоа што на улицата „Абас Емин“ во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во друг случај, на 27-ми декември 2022 година, во 04.20 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа М.К.(20) и Џ.А.(22), двајцата од Охрид, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука