Избор ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

Објавени резултатите од конкурсите за доделување ученички стипендии за учебната 2022-2023 година

Скопје, 27. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсите за доделување на стипендии за ученици од средните училишта за учебната 2022-2023 година.

– Средношколците кои се стекнаа со правото на користење ученичка стипендија треба да испечатат и пополнат три примероци од договорот за соодветната стипендија (договорите се објавени заедно со резултатите од конкурсите) и заедно со копија од лична трансакциска сметка, од 2.1.2023 до 16.1.2023 година, да ги достават до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје). Одбиените кандидати пак, ќе имаат можност за приговор од денот на добивање на решението од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена. Решенијата и за прифатените и за одбиените апликации се изработуваат во моментов и ќе бидат испорачани во следните денови, соопштија од МОН. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука