ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Кулушевски најдобар фудбалер во Шведска за 2022 година

Охрид, 28. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Поранешниот член на младинските репрезентации на Македонија и момчето по потекло од Охрид, Дејан Кулушевски е избран за најдобар фудбалер во Шведска за 2022 година.

Кулушевски во овој момент како позајмен фудбалер настапува во Тотенхем од Јувентус. Позајмицата е со важност до 2023 година, а до овој момент Кулушевски игра на задоволувачко ниво.

Изминатата година за шведската репрезентација настапи на седум натпревари, а додаде и еден гол и три асистенции. Во Премиер лигата за Тотенхем во првиот дел од сезоната еднаш се запиша во листата на стрелци и собра пет асистенции. (Крај)

извор: Слободен печат фото: Слободен печат

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука