Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Новогодишни пакетчиња за радост на најмладите

Охрид, 28. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Со цел да ги разубавиме новогодишните и божиќните празници на најмладите, заедно со претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев и секретарот на Општина Охрид, Алекасандар Китески, денеска поделивме вкупно 300 новогодишни пакетчиња, објави градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков.May be an image of 3 people and people standing

– Новогодишни пакетчиња беа поделени во Дневниот центар „Зраци“, новоотворената игротека за деца со цребрална парализа „Радост“, посебната паралелка во ООУ „Свети Климент Охридски“ и Дневниот центар „Доброљубие“ во црквата „Свети Ѓорѓија“.
Новогодишни пакетчиња добија и дечињата при здружението „Ретко е да си редок“, дечињата во здружението „Тајните на моето срце“, дечињата од центрите на здружението „Во мојот Свет“, како и на дечињата кои се лекуваат во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ и во Општата Болница во Охрид, објави Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука