Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Привршува уште едно издание на „Сладок декември“ со „Тамаро“ маркетите

Охрид, 28. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охридските „Тамаро“ маркети, во текот на највеселиот период од годината, повторно верни на традицијата и организираа уште едно издание на „Сладок декември“.

– Ова е период од годината кога е вистинско време за подароци, насмевки и весело расположение во пресрет на Нова година и сите празници кои ни ги носи овој прекрасен дел од годината. Веќе цел месец наназад се дружиме, забавуваме и наградуваме со нашите пријатели од NELT – Нутрино Јуниор и „Витаминка“. Одржавме и забави во маркетите, каде хуманиот Дедо Мраз потпомогнат од Мики и Мини донесе цела вреќа насмевки за најмладите. Имавме и бројни награди на Супер радио, за уште едни прекрасно поминати и незаборавни празници, порачуваат организаторите.

Охридските „Тамаро“ маркети се водечки во овој регион, со најсовремено опремени маркети и комплетна понуда во Охрид и поширокиот регион. Членови се, и помеѓу основачите на LKA Групацијата, посебно трговско друштво- стопанска заедница, чии членови се постоечки локални маркети од повеке градови низ цела Македонија, а кои се на пазарот повеќе од 20 години. Неодамна, во присуство на бројни пријатели и соработници, заедно со вработените како носител на компанијата, го прославија 25-тиот роденден.

Комплетната организација е дело на креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио и Be 1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука