Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Охрид пред Нова година: Ве очекува украсен и преубав (Фото)

Охрид, 28. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охрид како најголемиот туристички центар во Република Македонија, подготвен ги очекува домашните и странските гости кои ќе го посетат за Нова година.

Украсен и преубав и годинава ги отвора вратите за сите вљубеници во него со организиран дочек на Градскиот плоштад.

Угостителските објекти исто така се подготвени да ги пречекаат гостите кои одлучија да слават тука. Дел од нив веќе и почнаа да пристигнуваат. Најбројни ќе бидат туристите од соседството, Србија, Црна Гора, Хрватска, Грција, Албанија и дел домашни гости. Исполнетоста во хотелите е 60-70%, со оглед на тоа што дел од нив одлучија да останат затворени за празниците поради енергетската криза, додека приватното сместување е речиси целосно пополнето.

Новогодишната програма започнува на 31-ви декември на Градскиот плоштад од 12:00 часот кога ќе настапи хорот при КУД „Гердан од бисери“, а од 13:00 до 15:00 часот ќе има новогодишна театарска претстава „Дружината на Дедо Мраз“ и мјузиклот „Трите прасиња“. Вечерта од 20:00 часот на плоштадот ќе настапат Петар Нечоски, Татјана Стефаноска, Ѓоко Танески, Ефто Пупиноски, Миле Кузманоски и Dj-ите Багзи и Јана Слеј.

Празничната програма продлжува на 1-ви јануари точно на пладне со настап на Марија Савеска и групата Камелеон, а интерес ќе привлече и проектот „И повторно евергрин“ со настап на Лидија Кочоска, Влатко Груески и Андреј Наунов.

Охрид Ве очекува, СИТЕ во ОХРИД! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука