Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Поемата „Коњски житија“ под шифра „Џамбаз“ е добитник на наградата „Григор Прличев“

Охрид, 29. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Поемата „Коњски житија“ под шифра „Џамбаз“ е добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема во ракопис за 2022 година.

Жири комисијата едногласно ја одбра оваа поема од 11-те пристигнати на Kонкурсот распишан од страна на Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид.

– Потребна е поширока популаризација во однос на промоција на изданието на добитничката поема освен во Охрид, таа да се прошири и во други градови во државата. Притоа, констатирано е дека некои од поемите се поднесувани повеќе години наназад, што во иднина треба да се ограничи со Правилник, укажувајќи на креативноста како актуелен чин, истакнуваат од жири комисијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука