Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Пријава за 67-годишна жена од Охрид која го повредила синот кон кого фрлала тврди предмети

Охрид, 9. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС0 – На 8-ми јануари 2023 година, во 19:30 час во СВР Охрид, 45-годишен жител на Охрид пријавил дека околу 16:00 часот во семејниот дом, по кратка расправија, неговата мајка, 67-годишната Л.Б. фрлала тврди предмети кон него и му нанела повреди.

– Л.Б. била повикана во Полициска станица и со неа бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука