ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Селман: Власта нема слух за моите дела, не сум човек од партија, нема поткрепа за мене

Охрид, 9. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сите власти, веќе 15 години наназад немаат слух за моите дела. Овие кои ги гледате сум ги направил сам, реагира во коментар на денешната објава на OhridPress за преубавите дела кои ги креира во центарот на градот охриѓанецот Кадри Селман.

– Нека направи некој мала анкета за убавините на нашиот Охрид. И наградата која ја добив, сигурно беше од срам, затоа што ме имаше често по порталите. Овие дела се за да ги снимаат македонските телевизии, но тие немаат време да се занимаваат со мене. Жалосно е што нема крила и поткрепа за мене. Многу труд сум дал. Останав интелектуалец, а како уличен метач да сум. На никој од директорите не им текнува дека овој будала го разубавил нашиод град што никогаш ни за време на СФРЈ не бил среден вака, пишува револтирано Селман.

Додава дека е жално што не е ни со ВМРО ни со СДСМ, ниту со „талибанските“ партии. Очекува здравје и што поскоро да замине од фирмата.

Охриѓанецот Кадри Селман сепак продолжува да создава убавина која плени, афирмирајќи го градот во вистинско светло. Пред фигурите, кои Кадри ги обликува од украсните грмушки, застануваат охриѓани и гостите и се сликаат за спомен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука