Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Повратот на ДДВ за скенирани сметки се зголемува од 1.800 на 2.100 денари

Скопје, 10. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од оваа година повратот на данокот на додадена вредност од фискалните сметки наместо 1.800 денари ќе се зголеми на 2.100 денари.

Предлог-законското решение е во собраниска процедура и ставено е како шеста точка на денешната 99. пленарна седница. Законот се носи по скратена постапка.

Правото на враќање на ДДВ се остварува за секое календарско тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.

На предлог на Министерството за финансии, Владата на 27-ми декември 2022 година го утврди текстот на Предлог-законот со кој се зголемува максималниот износ на поврат на ДДВ што може да го добие едно физичко лице со скенирање на фискални сметки за едно тримесечје. (Крај)

извор: Телма фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука