Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

„Гладијаторите“ ги стартуваа подготовките за плеј-офот

Охрид, 10. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со технички состанок и прв тренинг, ГРК Охрид ги започна подготовките за вториот дел од сезоната во Супер лигата, во која „гладијаторите“ ќе играат во плеј-офот.Можно е да е слика од 8 луѓе и внатре

– На првата прозивка беа и новите засилувања на клубот кои, според најавите на управата и стручниот штаб, ќе се комплетираат во наредните денови и со други имиња. Со нив Охрид цели далеку во плеј-офот, најавувајќи борба за врвот на табелата и, доколку се укаже можност, атак на местата кои водат во Европа, велат од клубот.
ГРК Охрид во наредните пет недели интензивно ќе се подготвува за продолжението на првенството, период во кој ќе бидат одиграни и неколку контролни натпревари.

Можно е да е слика од 5 луѓе и луѓе што стојат

Инаку, засега во овој преоден рок ракометниот клуб се засили со две нови имиња, Стефан Дрогришки и Словенецот Гал Цирар, кои ќе го носат сино-белиот дрес до 2024 година. Кон крајот на минатата година, пак, ГРК Охрид спогодбено ги раскина договорите со Тоше Ончев и Стефан Бошкоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука