Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Автомобил удрил во жена од Албанија на улицата „Партизанска“ во Струга

Струга, 10. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти јануари 2023 година, околу 23:10 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на улица „Партизанска“ во Струга, патничко возило удрило во 58-годишната М.Д. од Република Албанија и го напуштило местото.

– Во несреќата М.Д. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струга. Увид извршила екипа од Полициската станица Струга и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука