Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Пријава за лице од Велешта поради измама во врска со продаден автомобил

Струга, 10. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 38-годишниот Б.Н. од селото Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

– Во мај 2022 година во село Велешта, пријавениот се договорил со Н.К да купи патничко возило. Откако поминал еден месец од договорот, Н.К. го барал пријавениот на мобилен телефон со цел исплата на договорениот износ за возилото, но тој секогаш наоѓал некој изговор и одбегнувал да плати, по што Н.К. го пријавил случајот во полиција, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука