Забава Избор

Во Мадрид отворен најмалиот клуб во светот

Мадрид, 11. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Teledisko, најмалиот ноќен клуб во светот кој зафаќа само еден квадратен метар, отвори нова локација во Мадрид. Досега имаше пет, во и околу Берлин, а ова е првото Teledisko надвор од Германија.

Клубот во форма на говорница со години фасцинира многу посетители на Берлин, а нуди организирање на мали забави за мала надокнада. Заинтересираните се охрабруваат да придонесат 2 € за да учествуваат и да „полудат“ со пријателите.

– Teledisko е најмалата дискотека во светот, се вели на веб-страницата. „Можете да ја активирате омилената песна со вметнување паричка, а потоа да се фотографирате и да го преземете видеото преку линк. Она што се случува во Teledisko, останува во Teledisko.

Откако ќе влезете внатре, можете да изберете помеѓу „Dancing Queen“ на ABBA, „Umbrella“ на Rihanna и „Barbie Girl“ на Aqua, додека си играте со ефекти како строб светла, диско топки и машини за магла. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука