Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Зоран Анчевски е добитник на наградата „Григор Прличев“ за поемата „Коњски житија“

Охрид, 12. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот македонски поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски е автор на поемата „Коњски житија“, добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема во ракопис за 2022 година.

Жири комисијата едногласно ја одбра оваа поема од 11-те пристигнати на Kонкурсот распишан од страна на Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид.

– Потребна е поширока популаризација во однос на промоција на изданието на добитничката поема освен во Охрид, таа да се прошири и во други градови во државата. Притоа, констатирано е дека некои од поемите се поднесувани повеќе години наназад, што во иднина треба да се ограничи со Правилник, укажувајќи на креативноста како актуелен чин, истакнаа од жири комисијата.

Нема опис за фотографијата.

Зоран Анчевски, поет, универзитетски професор, преведувач, есеист, роден е во 1954 година. Има објавено девет поетски збирки што се одлично примени од критиката, високо оценети и наградени со различни награди во земјата и во странство. За неговото преведувачко дело ја добил највисоката национална награда за превод „Григор Прличев“ (2001). Учествувал на многу поетски фестивали во земјата и во светот. Избори од неговата поезија се преведени и објавени на над дваесет јазици во значајни странски списанија и антологии. Член е на Друштвото на писатели на Македонија, бил двапати секретар на македонскиот ПЕН центар и негов актуелен претседател, а раководел и со УО на СВП (2002-2007). Живее и работи во Скопје.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука