Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

20 инспекциски контроли низ Охрид за почитување на Законот за заштита од пушење, неправилности не се констатирани

Охрид, 17. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Пазарните испектори периодов со интензивни контроли по угостителските објекти дали и колку се почитува Законот за заштита од пушење.

Граѓаните сé почесто периодов коментираа во врска со пушењето во дел од објектите и во затворените делови, дури и онаму каде се служи храна.

Со чест на исклучоците, особено за време на празничните денови, факт беше дека се пуши и во затворените делови од објектите, а речиси секој во неврзан разговор се жалеше дека гардеробата по посетата на кафеани, локали и клубови мириса на чад од цигари.

Раководителот на Пазарниот инспекторат во Охрид, Цветко Ристески за Супер радио и OhridPress информира дека во петокот во Охрид биле извршени 20 контроли по основ на спроведување на Законот за заштита од пушење, при што не биле констатирани неправилности.

Девет прекршувања на Законот за пушење во два угостителски објекти во Охрид

– При извршените контроли утврдено е дека се пушело на терасите. Има една законска празнина во поглед на дефинирање на терасите. Пред неколку години се дозволи со подзаконски акт терасите да ги затвораат со фолии, со стакла… и сега се добива впечаток како да се затвотени, а се тераси и таму се пуши. Минатата година имавме преземања за во затворениот дел, глоби беа изречени. Порано имаше мерка ако се пуши во затворениот дел да можеме да изречеме забрана за работа на објектот, но со измените сега тоа не е така и затоа им пишувавме само глоба, потенцира Ристески.

Што се однесува до висината на казните, за правното лице се движат од 2.000 до 4.500 евра, а за одговорното лице од 500 до 1.000 евра. Глоба е предвидена и за гостите, за пушење во затворен објект ќе треба да плати од 100 до 300 евра, во денрска противвредност.

Ристески истакна дека со акцискиот план во 2022 година, во процедура се, преку министерството за здравство, измени на Законот за заштита од пушење, а можно е да се оди и со целосно ново законско решение. Но, тоа е процедура и дотогаш ќе важи постоечкиот закон. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука