Охрид, 20. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Како што налага традицијата, денот по Богојавление Водици се одбележува како Ден на рибарите.
На денешен ден на Сараиште, старите рибари ги оставале мрежите да се „пает“, раскажуваат повозрасните жители на Охрид, кои се сеќаваат на убавите времиња поминати со блиските и пријателите на денот по Богојавление, Ден на рибарите.
Традицијата за да се одбележува овој ден е многу стара, во одреден период престанала да се практикува, но повторно се обновила.
Според кажувањата на старите жители на градот, рибарите се капеле на овој ден за да ја покажат нивната приврзаност кон езерото.
Уникатната манифестација со традиционалното капење на рибарите и годинава ќе се одржи на месноста „Сараиште“ и ќе биде надополнета со повеќе културни и забавни содржини. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес