Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Три лица физички нападнале 21-годишен охриѓанец во угостителски објект на кеј „Македонија“

Охрид, 20. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 19-ти јануари 2023 година, околу 22:30 часот, во Охрид пријавен е физички напад врз 21-годишниот Х.П. од Охрид од страна на лицата С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид, по што на Х.П. му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид.

– Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од трите лица и притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Известен е јавен обвинител и СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука