Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Пецаков: Нашиот сограѓанин Брао се’ уште не е пронајден, сите кои имаат информации да ги споделат со семејството или полицијата

Охрид, 20. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Нашиот сограѓанин Фадил Брао се’ уште не е пронајден. Доколку имате некаква информација јавете се на бројот или споделете со полицијата, апелира на неговиот профил на Facebook и градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.

70-годишниот Фадил Брао со возило марка „Голф 5“, со регистарски таблички ОH-131-BS, се оддалечил од домот во вторникот, на 17-ти јануари 2023 година, по што му се губи секоја трага.

Од семејството апелираат за помош, а сите кои имаат некоја информација за Брао, истата можат да ја соопштат на телефонот 072/573-364.

Од СВР Охрид информираа дека се преземаат мерки за негово пронаоѓање. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука