Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Приведени три лица за нападот врз Х.П., следуваат кривични пријави

Охрид, 20. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници од СВР Охрид денеска, 20-ти јануари 2023 година, по преземени мерки и активности во координација со ОЈО Охрид за расчистување на случајот со физички напад врз 21-годишниот Х.П. од Охрид, пријавен на 19-ти јануари 2023 година, околу 22:30 часот, ги приведоа лицата С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид.

– По целосно документирање на случајот до надлежното обвинителство во Охрид ќе биде поднесена кривична пријава, информираат од МВР.

Настанот доби големо внимание и во Република Македонија и во соседна Бугарија, чија Влада најави дека ќе го „евакуира“ тешко повредениот Христијан Пендиков, кој е секретар на културниот клуб „Цар Борис III“ во Охрид, јави бугарската bTV.

Според истиот извор, за таа цел ќе биде испратен владиниот авион со екипа од Воено-медицинската академија, двајца лекари и медицинска сестра за реанимација.

Нападот врз секретарот на клубот на бугарската заедница во Охрид, Христијан Пендиков го осуди и претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски.

– Ги повикувам надлежните институции да спроведат брза и темелна истрага, со соодветна одговорност и санкции за сторителите, порача претседателот Пендаровски. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука