ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

bTV: Бугарија праќа авион по претепаниот Пендиков во Охрид

Софија/Охрид, 20. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Бугарија ќе го „евакуира“ тешко повредениот Христијан Пендиков, кој е секретар на културниот клуб „Цар Борис III“ во Охрид, дознава bTV од бугарското дипломатско претставништво во Република Македонија.

Според истиот извор, за таа цел ќе биде испратен владиниот авион со екипа од Воено-медицинската академија, двајца лекари и медицинска сестра за реанимација.

„Евакуацијата“ доаѓа откако шефот на бугарската држава Румен Радев изрази цврст став кон Македонија за она што се случи и посочи дека Бугарија е подготвена да организира воздушна евакуација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука