Во Охрид денес претежно облачно време со врнежи од дожд и температура до 5. степени
Охрид, 21. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Во утринските часови во западните делови врнежите ќе преминуваат во снег и во некои пониски места.
Максималната температура ќе се искачи до 5. степени.
– Утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Од ноќните часови кон понеделник под влијание на нов влажен бран повторно ќе има врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Во понеделник врнежите на повеќе места ќе бидат обилни и поројни, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |