Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ: Поради врнежи од снег, забрана за товарни возила на преминот „Пресека“

Охрид, 21. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а врнежи од снег се бележат на планинските премини „Пресека“, „Плетвар“, „Ѓавато“, „Буково“, „Стража“, „Маврово“ и „Попова Шапка“.

Поради врнежи од снег воведена е забранa за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин „Пресека“, а од 07:50 часот е укината забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин „Стража“.

– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево, информираат од АМСМ. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука