Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 7. степени

Охрид, 22. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот и во ноќните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Максималната температура ќе се искачи до 7. степени.

– Под влијание на нов влажен бран од вечерните часови ќе започнат врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни утре, како и во вторник претпладне (локално над 30 л/м2). Врнежи од снег ќе има најпрво на планините, каде снежната покривка значително ќе се зголеми, а од утре попладне и на некои повисоки места. Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно и постудено време со слаби локални врнежи од дожд и снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука